Нашите млади во Лигата на шампиони ќе дебитираат против младинскиот состав на ФК Сараево од Босна и Херцеговина. Ова е исходот од денешната ждрепка во Нион каде беа извлечени паровите од Младинската Лига на шампиони.
Македонскиот младински шампион, составот на АП Брера Струмица се падна во групата три каде за противници можеше да ги добие младинските шампиони на Казахстан, Молдавија, Ерменија, Беларусија, Грузија но за противник го добивме босанскиот младински шампион ФК Сараево.
Нашите момци првиот меч ќе го играат дома на 18 септември а реваншот е на 2 октомври во Босн
Доколку го поминеме првото коло во второто противник на нашата Брера Струмица како младински шампион на Македонија ќе биде израелскиот состав на Макаби Петах