Утре играмe против Тиквеш кој е незгоден противник, но ќе дадеме максимум, вели Михаилов

Сениорскиот состав на Брера утре на стадионот Благој Истатов во Струмица го пречекува актуелниот освојувач на Купот тимот на Тиквеш од Кавадарци. По ремито во Скопје против Работнички, нашиот стратег смета дека формата на нашите играчи оди во нагорна линија и цел ќе ни биде триумф и нови три бода на нашето конто

„Натпреварот со Работнички е во минатото, а сега се фокусираме на следниот предизвик. Ќе се соочиме со актуелниот Куп-освојувач и ќе се обидеме да ја повториме солидната игра што ја прикажавме на последните мечеви.  Ми се чини дека формата оди во нагорна линија, а играчите се максимално подготвени за следниот меч. Тиквеш е непријатен противник, но ние ќе се обидеме да извадиме максимум пред своите гледачи. Им реков на играчите дека ќе растеме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе го докажеме тоа“, изјави тренерот Горазд Михајлов.

Stay connected

Follow us for all the latest updates, behind-the-scenes content and exclusive interviews with players and coaches.

Latest news

Brera AP – Belasica (mladinci) i 29. 11. 24
29.11.2024
Brera AP – Belasica (Kadeti) 29 11 24
29.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.