Момците на Горазд Михаилов претрпеа пораз во Скопје од тимот на Шкупи со 3:1 во натпревар во кој имавме шанса да се вратиме во игра за поволен резултат. Домаќините беа порасположени за победа и тоа го потврдија уште во првото полувреме. Ги искористија нашите грешки и невнимание и постигнаа два гола но преку Ивковиќ успеавме да намалиме на 2:1.
Имавме и шанси за израмнување на резултатот но откако не ги искористивме, Шкупи не казни со уште еден гол за конечните 3:1. По ова девето првенствено коло со вкупно 11 бода се наоѓаме на седмата позиција на прволигашката табела. Следува репрезентативна пауза