ЖФК Тиверија Брера и ФК Брера Струмица спортски разиграа 140 дечиња од Струмица и Валандово

Преставници од ЖФК Тиверија Брера и ФК Брера Струмица денеска беа во градинката Виножито во Струмица каде на околу 140 дечиња од ова градинка како и од градинката Калинка од Валандово им ги пренесуваа тајните на физичката активност, спротот, фудбалот. На седум станици со добро осмислени игри, дечињата се забавуваа и се натпреваруваа им беше пренесен спортскиот натпреварувачки дух.

,, Целта е дечињата да ни бидат физички активни, колку толку да спортуваат и да имаме здрави деца. Нашата замисла е да ги запознаеме со спортот, фудбалот едноставно да им го пренесеме тој натпреварувачки дух. Имаме седум станици каде дечињата преку игра и забава ќе се наптреваруваат. Имаме станици со мобилност, флексибилност, гимнастика, фудбал. Децата сакаат спортски игри а ние како општествено одговорни клубови сето тоа им го овозможуваме,, кажа Александра Терзиски од ЖФК Тиверија Брера

Повеќе од еден час траеа спорските игри во кругот на ЈОУДГ ,,Виножито“ во Струмица . Директорката Софија Димитриева  ги поздрави клубовите со предзнакот на Брера и кажа дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина се со цел да имаме здрави дечиња кои ќе го сакаат спортувањето.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.