Нашите фудбалери претрпеа минимален пораз од тимот на Гостивар во рамките на 10 тото првенствено коло од Првата лига. Примениот гол уште во раната фаза како да ги ,,збуни“ нашите фудбалери во желбата за погодок кои ја истакнаа посебно во второто полувреме каде беа далеку поофанзивни и постојано на половината на Гостивар кој се покажа како доста незгоден противник со новите засилувања.
Мечот почна со пораката за хуманост и дарување крв од страна на нашите момци. На терен излегоа со маици кои потоа ги дадоа на посетителите на трибините. По почетното испитување на силитие и откако Малевски не успеа да го најде патот до голот на мрежата, казната стаса преку Кехенде кој го матираше Алчевски во 15 тата минута (0:1). До крајот на првото полувреме избраниците на Валенти се заканија преку Руфати, Рибаудо и Малевски но нивните удари беа непрецизни и мрежата на Гостивар мируваше.
Во второто полувреме нашите фудбалери тргнаа поофанзивно и постојано се играше на половината на Гостивар. Свежина внесе влегувањето на Франко Нахуел кој по левата страна беше доста незгоден и ја имаше најзрелата шанса за израмнување. немаше гол и од Ване Крстевски кој во два наврати се обиде да ја затресе мреѓата на Гостивар. Во мечот мора да се спомене дека голманот Алчевски спаси неколку шанси на противникот.
По десет колоа Брера е на петтото место со 14 освоени бода, додека Гостивар има десет бода и е единаесетти. Следното коло нашиот тим и гостува на Шкендија