Аце Стојков нема веќе да ја извршува функцијата спортски директор на ФК АП Брера Струмица на која дојде на почетокот на оваа година. Ваквата одлука произлезе откако Управата на клубот со него спогодбено ја прекинаа соработката во интерес на двете страни.
Аце Стојков на позицијата спортски директор дојде на почетокот на втората полуетапа од минатата првенствена сезона.
Нашиот Фудбалски клуб „Брера Струмица“ на Аце Стојков му посакува се најдобро во наредните предизивици и му се заблагодаруваме на посветената работа досега во нашиот клуб.