Нашиот сенироски состав утре во Кратово против Силекс ја отвора пролетната етапа од Прволигашкото првенство. По добриот подготвителен период во кој нашите момци ја „брусаа“ формата за овој дел на шампионатот, вистинскиот тест ќе биде мечот со кратовчани. Против Силекс во есенскиот дел одигравме 1:1 на свој терен но сега сме со нов стручен штаб...Read More
17 годишниот Давид Ристовски но и 18 годишниот Славе Вргов од Струмица потпишаа професионални договори за нашиот клуб. Станува збор за млади и квалитетни фудбалери кои со години се во младинските погони на нашиот клуб а веќе добиваат шанса и во првиот тим. Давид Ристовски кој беше дел од првиот тим на подготовките во Анталија,...Read More
25 годишниот Илјаз Чилјафи од Скопје е новото засилување на Брера Струмица на неколку дена пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Чилјафи игра на позицијата лево крило а во нашиот тим доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, каде одигра одлични партии во есенската полуетапа на второлигашкото натпреварување. Илјази во својата кариера има настапувано...Read More
18 годишниот Мартин Ѓоргиевски е еден од плеадата млади квалитетни играчи на ФК Брера од Струмица. Станува збор за еден од најперспективните не само во нашиот клуб туку и во Македонија. Паралелно е и капитен на младинската репрезентација на Македонија до 19 години. Станува збор за доста талентиран фудбалер кој има одлични перформанси и веќе...Read More
Првиот состав на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21...Read More
Нашите првотимци ја започнаа и третата фаза од подготвителниот период за пролетниот дел од првенството. По враќањето од Анталија Турција тие имаа неколку дена одмор а од денес ги започнаа тренинзите со кои треба да се избруса формата за вториот дел од шампионтот. Стратегот Бојан Круљ изрази задоволство од сработеното во Анаталија каде се одиграа...Read More
Нашиот сениорски состав претрпе минимален пораз и во последниот контролен меч во рамките на подготвителниот период во Анталија Турција. Во дуелот со казахстанскиот тим Атарау бевме поразаени со 2:1. Стрелец на единствениот погодок за струмичани беше Матеј Цветаноски. И во овој меч сите играчи добија соодветна минутажа. За нашите првотимци многу поважно ќе се случува...Read More
Нашите фудбалери го одработија и третиот контролен натпревар на подготвките во Анталија во Турција каде силите ги одмеривме со полскиот состав Рух во кој претрпевме пораз од 2:1. Одигравме рамноправен натпревар во кој стратегот Бојан Круљ повторно даде акцент на воигрување на екипата со одредени тактички акции. Се даде можност на целиот играчки состав со...Read More
Марко Алчевски ќе ја носи капитенската лента на АП Брера Струмица во пролениот дел од првенството. Вака одлучија раководите луѓе на клубот кои му ја доверија оваа улога на 21 годишниот голман кој паралелно ја чува мрежата и на младинската репрезентација. Алчевски цели седум години е во струмичкиот прволигаш кој од сезона во сезона покажува...Read More
Нашите првотимци кои се на подготовки во Анталија денеска се соочија со Ченоморец Одеса во рамките на вториот контролен меч за пролениот дел од првенството од кој претрпивме пораз со 3:1. Како и против дуелот со Верес така и против Черноморец Одеса фокусот ни беше играта и увид на индивидуалните перформанси на играчите, заради што,...Read More