50 годишниот тренер Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството
Горазд Михаилов денеска го превзеде тимот. Со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Михаилов беше тренер на скопски Вардар каде во средината на август по победата над Пелистер си поднесе оставка.
Михаилов е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата кариера ги има водено и екипите на Силекс, Борец од Велес, Тетекс, Напредов, Пелситер и Охрид а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина
Горазд добредојде во семејството на Брера и многу успеси во иднина !