Марко Алчевски ќе ја носи капитенската лента и најави подобар пласман пролетва !

Марко Алчевски ќе ја носи капитенската лента на АП Брера Струмица во пролениот дел од првенството. Вака одлучија раководите луѓе на клубот кои му ја доверија оваа улога на 21 годишниот голман кој паралелно ја чува мрежата и на младинската репрезентација. Алчевски цели седум години е во струмичкиот прволигаш кој од сезона во сезона покажува одлични перформанси како голман.

,,Голема чест и задоволство е за мене да се биде капитен  во наредниот период за овој тим. Овде сум седум години и се чуствувам како дома. Пред се сакам да се заблагодарам на раководните луѓе на на клубот за укажаната доверба да бидам капитен и се надевам дека ќе ја оправдам довербата,, рече Алчевски кој со тимот се наоѓа во Анталија

Според него полека се компонира тимот за пролетниот дел од првенството кој одигра и два меча во рамките на подготвителниот период.

,, Без разлика на резултатите од двата меча, екипата има добро темпо. Полека се компонираме како еден тим. Новите играчи добро се вклопија и се обидуваме да ги исполниме задачите на стручниот штаб. Се надевам дека во проелтниот дел Брера ќе покаже далеку подобра играза да се освојат повеќе бодови,, вели Алчевски кој тврди дека клубот постојано инвестира во младите категории фудбалери за што говори податокот дека секоја година се продуцираат два до три играчи за првиот тим

 

 

Stay connected

Follow us for all the latest updates, behind-the-scenes content and exclusive interviews with players and coaches.

Latest news

ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024
Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.