Нашиот тим се засили со 27 годишниот напаѓач Џорџе Ивковиќ од соседна Србија кој во есенската полуетапа настапуваше за Раднички Сремска Митровица. Со овој клуб во Првата српска лига есента одигра 17 натпревари при што три пати ја тресеше мрежата на противниците а забележа и една асистенција. Претходно Ивковиќ има настапувано за Лаци од Албанија, Акжањик од Казахстан, ИМТ Београд, Златибор, Анкаран Словенија, Спартак Суботица, Слобода Ужице и други српски клубови
,,Ми преставува посебно задоволство што ќе бидам дел од Брера Струмица – фудбалски клуб кој има јасно дефинирана визија. Имам слушнато за клубот и среќен сум што дојдов овде. Навистина има одлични услови за работа но и како што забележувам доста професионалност во секој аспект што ме радува. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и заедно со тимот ќе ја исполниме целта за втората етапа од првенството,, кажа Ивковиќ
Нашиот клуб претходно го ангажираше Даниел Миловановиќ а како што најави стратегот Бојан Круљ се очекувааат и други засилувања во наредните денови со што ќе се направи една компактна екипа за пролетниот дел од првенството.