Нашите момци се пласираа во осминафиналето од Купот

Нашиот сениорски состав немаше пробеми во дуелот со Вардар Неготино во рамките на 16 финалето од Купот на Македонија. Овој натпревар требаше да се одигра во Неготино но двата клуба одлучија да се игра во Струмица на СЦ Пандев каде избраниците на Горазд Михаилов без проблеми го трасираа патот кон уште еден натпревар од Куп натпреварувањето

Каланоски двапати стрелаше,Олаосебикан и Лазиќ беа стрелци на четирите гола со кои славевме победа и обезбедивме Куп осминафинале

This site is registered on wpml.org as a development site.