Нашите момци и следната натпреварувачка сезона ќе играат во Првата лига. Во денешното претпоследно коло освоија бод на гостувањето кај Шкупи откако одиграа без голови а опстанокот е осигурен по ремито на Вардар кај Силекс во Кратово . Црвено црните од Скопје ќе играат бараж за Прва лига додека тимот на Брера ја оствари целта за оваа сезона.
Првиот тим на Брера денеска успеа да им одолее на нападите на Шкупи кој беше поактивен но не изградија сериозна шанса да го надмудрат нашиот одличен голман Марко Алчевски. И ние можевме да го отвориме резултатот во 33 минута но нашите момци не успеа да го најдат патот до мрежата на Шкупи.
Во второто полувреме домакините ги засили своите напади но немаа завршница. Алчевски беше на вистинските позиции и беше енгима за фудбалерите на Шкупи кои мораа да се задоволат со бод и да отпаднат од играта за освојување на шампионската титула.
Следното коло – последно нашите фудбалерите на Брера играат со Македонија ЃП.