Нашите фудбалери одгираа без голови со екипата на Шкендија која се смета за еден од фаворитите за освојување на Шампионската титула. На стадионот „Кукуш“ во Турново одигравме две различни полувремиња. Во првото иако имавме шанса сепак многу грешки и пропусти во последната линија. Тоа го признава и дефанзивецот Александар Ристевски кој кажа дека сликата значително ја подобриле во второто полувреме.
,,Мислам дека одигравме еден квалиттен натпревар. Првото полувреме одигравме слабо.На полувреме се договривме што и како понатаму. Игравме отворено во второто полуверме. Имавме шанса и да победиме и да загубиме. Мислам дека 0:0 е реален резултатт. Но сепак освоивме бод. Продолжуваме понатаму со првенството“, кажа Ристевски
Од бодот задоволен и Бојан Круљ кој исто така призна дека нерешниот резултат е најправеден.
,,Сигурно дадовме се од себе да освоиме нови три бода. Игравме против една силна екипа која претендира за освојување Шампионска титула. Можам да им честитам на моите момци на залагањето. И ние и тие имаа шансиза постигнување гол. Најправедно е овој нерешен резултат. Ќе жалиме за пречката и она исфрлуање, но во првото полувреме и ние ја исфрливме топката од гол линијата. Мило ми е што момците покажаа карактер“,кажа Круљ
По ова 22 коло и завршување на втората фаза, првенството го продолжуваме од осмата позиција