Освоивме бод на тешкото гостување во Скопје кај Работнички а можевме и да славиме

Нашиот сениорски состав ремизираше со Работнички на националната арена во Скопје и освои бод против една од водечките екипи во Првата лига. Избраниците на Горазд Михаилов одиграа борбено и малку недостасуваше во Струмица да се вратат со цел плен иако имавме играч помалку.  Нашит момци отпорот на домакините го скршија за 26 минути кога Марјан Ристовски го матираше голманот на Работнички. Со водство од 1:0 заврши првото полувреме во кое ни беше и поништен гол заради недозволена офсајд ситуација за многумина сомнителна одлука на судиите

Во вторите 45 минути судијата на мечот го исклучи од игра Руатубјае заради прекршок па Брера во вториот дел беше во подредена улога заради играч помалку. Домакините до израмнување дојдоа во 76 минута. Во последните минути од мечот нашиот тим преку Мато  имаше шанса да дојде до водство но ја погоди само пречката. Заканувачки удар упати и Каланоски но голманот на Работнички беше сигурен.

По шест одиграни кола како тим сме на осмата позиција со седум бода,

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.