Нашиот сениорски тим денеска славеше против Беса со 3:2 и дојде до нови три бода во првенството за враќање на самодовербата и исполнување на зацртаните цели. Одлична партија на нашите момци, посебно во второто полувреме кога за 11 минути постигнавме три гола. Нашата победа можеше да биде и поубедлива бидејки ни беа поништени неколку гола а гостите од два прекина се надеваа за поволен резултат. Ивковиќ и Ѓеоргиевски беа момците кои донесоа радост на нашата клупа но и на трибините на стадионот Благој Истатов.
Првото полувреме се надмудрувавме со гостите без некои посериозни шанси на двете страни. Страгегот Михаилов во второто полувреме ги внесе Мато. Ѓорѓиевски и Руатубјаје кои ја ,,размрдаа“ играта и нашите преку Ивковиќ веднаш постигнаа гол.Осум минути подоцна Ивковиќ одново беше во главната улога, откако изнуди пенал по стартот на Љамалари и пота го трансформираше во погодок за 2-0. Притисокот продолжи на нашиот состав. Во 57 минута Ивковиќ асистираше а Мартин Ѓоргиевски ја смести топката во мрежата на Беса за високи 3:0. Гостите преку Љамалари и Реџепи намалија на 3:2.
Следното коло нашите момци му гостуваат на непоразениот Работнички а во меѓувреме ќе го одиграм и Куп мечот со Вардар од Неготино а младите на Брера и првито меч со тимот на Сараево во вторник од младинската Лига на шапиони.