Нашиот тим не ја искористи предноста од домашен терен и претрпе пораз од тимот на Шкендија. Во рамките на третото првенствено коло од Првата фудбалска лига загубивме со 2:0 од тетовскиот состав кој во Струмица се покажа како доста мотивиран и жеден за нов подвиг. Нашите момци мечот го започнаа грчевито под притисок да се направи нешто по поразот во Кратово. Тешко одеа завршниците во нападот а успевавме да одговориме и на притисокот во одбраната.
Во второто полувреме се продолжи со исто темпо но Шкендија успеа да го отвори резултатот преку Адеми. Ние притискавме но немавме среќа во завршницата. Тоа го потврди и стратегот Бојан Круљ во изјавата после натпреварот.
„Мислам дека примивме два лесни гола. Пристапот на фудбалерите беше добар, имавме неколку шанси, но не бевме мирни во завршницата.Шкендија е квалитетна екипа и сакам да ѝ посакам сè најдобро во продолжението од сезоната. Нам ни преостанува да се подготвуваме за следниот предизвик во шампионатот против Струга“, рече Круљ