Пораз во Кратово, не одигравме според очекуваното

Нашите момци претрпеа висок пораз на гостувањето во Кратово во второто првенствено коло. Силекс мечот го затвори со 4:о на своето конто остварувајки ја првата победа а ние го запишавме првиот пораз оваа првенство. Преку Марко Додев, рано примивме гол што го разниша нашиот концепт и однос кон играта а Марко Ѓорѓиевски во продолжение постигна хет трик за убедливата победа. На полувреме 2:0 а во вторите 45 минути Ѓорѓиевски постигна уште два гола за конечните 4:0

Нашиот тим не го даде очекуваното на теренот. Стратегот Бојан Круљ призна дека ова е најлошиот натпревар што го одиграле неговите избраници.

,,Го загубвме мечот со четири гола и како што реков минатата недела, ако против Вардар ја одигравме најдобрата средба, ова беше најлоша средба откако сум тука. Најголемата одговорност за ваков пораз ја превземам јас.  Нема што да кукаме иако боли поразот, ќе направиме интерни разговори меѓу нас за да ги најдеме грешките и да се издигнеме од овој пораз“, изјави Круљ.

This site is registered on wpml.org as a development site.