Првиот тим на Брера Струмица попладнево претрпе пораз од 1:0 на гостувањето во Скопје кај Македоија ЃП. Натпреварот го реши Попзлатанов кој во финишот од првото полувреме го надмудри голманот Алчевски. Нашите фудбалери доминацијата ја превзедоа во вторите 45 минути но не успеа да го најдат патот кон противничкиот гол
Првата посериозна шанса ја имавме во 60 ттата минута кога Малески биеше од далечина но топката заврши покрај голот на Македонија ЃП. Стратегот Валенти ги внесе во игра Сисе, Трајков, Ѓеоргиевски и Томовски и играта се префрли на противничкото поле. Најзрелата шанса за гол ја имавме во 82 минута кога капитенот Врдољак изведе слободен удар а Руфати со глава не успеа да постигне гол
Ова е трет пораз за нашата екипа која од деветте кола прокнижа и 4 победи и две ремија и на нашетот салдо имаме 14 бода