Нашите првотимци претрпеа пораз на гостувањето во Струга од актуелниот шампион Струга Трим Љум со 2:0. Поразот дојде во второто полувреме кога нашиот тим беше со играч помалку откако во финишот од првите 45 минути Лазиќ доби црвен картон поради два жолти. Сето тоа го наруши концептот на игра каде падна и концентрацијата на нашите играчи и примивме два лесни гола во рок од 15 тина минути. Тоа го потврди и стратегот Бојан Круљ
„Тешко беше да се игра 45 минути со играч помалку против квалитетна екипа како Струга. Наивно го добивме црвениот картон и сигурно дека беше тешко со десет играчи да се издржи притисокот кој противникот го наметна. Немам што да замерам за залагањето, само црвениот картон ни ја поремети концепцијата. Но, одиме понатаму, сега ни следи репрезентативната пауза при која ќе имаме панса да се спремиме добро за продолжението на првенството“