Заврши Првата фудбалска лига на Македонија, во која ова сезона „Брера Струмица“ го зачува прволигашкиот статус, успеа да им создаде главоболки на останатите прволигаши а го направи и најголемиот трансфер во историјата на клубот. Сето тоа за една сезона во која како клуб се соочивме со голем број турбуленции и предизвици, но и покрај се успеавме да ги поставиме темелите на еден сериозен клуб со добра организираност кој ќе се стреми на високи дострели во иднина. Брера Стурмица станува синоним за еден професионален фудбалски клуб, синоним за градење квалитетни фудбалери. Тоа беше поводот да разговараме со генералниот директор на ФК АП Брера Струмица – Јован Симиќ под чија палка, клубот застана на здрави нозе како дел од голема мултинационална спортска приказна БРЕРА
Симиќ има ли место за задоволство од последната првенствена сезона?
Симиќ: Задоволство од ова последна сезона? Се зависи од контекстот на прашањето. Ако мислите дека се спасивме на едно коло пред крајот од првенството и дека резултатски се плашевме до самиот крај, искрено не сме задоволни, бидејки овој тим, овој клуб од организациски аспект, луѓето внатре, заслужија многу повеќе и можеше да се направи многу повеќе. Но ако овој резултат што го постигнавме и го ставиме во контекстот што ова ни е прва година на еден силен и сериозен проект не само во Македонија туку и пошироко а би рекол и во развиените фудбалски држави, можам да кажам дека сме задоволни. Задоволни сме бидејки ова сезона се воспоставуваше клубот, се случуваше транцизија во клубот, воведовме еден нов начин на работа. Едноставно се засили администрацијата, управата, се професионализираше, доста повеќе функционира и сега се работи отколку кога беше Академија Пандев. Воведувавме еден нов начин на функционирање и еден нов систем на работа и тешко е да дејствуваш во двата правца. Да се стабилизираш како клуб и тоа да го следиш со големи резултати. Во тој контекст сме задоволни бидејки добивме една сериозна структура на која основа ќе ги градиме резултатите во годините што доаѓаат, ние се надеваме веќе од наредната сезона.
Брера една година, како гледате сега на овој проект ?
Симиќ: Она што можам јас да го кажам од искуство бидејки сум работел во сериозни фудбалски системи во Србија а соработував и со некои од Европа, паралелно бев дел и од големи фудбалски проекти, можам да кажам дека ова е навистиона специфичен проект не само на Балканот туку и пошироко. Ова е мултинационална приказна и сме дел од еден сериозен светски холдинг и се што се случува во нашиот клуб, се случува со план и во рамките на системот. За се што се случува и работиме, постои силен аргумент. Можам да кажам дека сега сме еден од најдобро организираните клубови во Македонија. Фудбалерите имаат одлични услови за работа, односно ги имаат секој предуслов да се занимаваат со фудбал и да размислуваат само за фудбалот, не постојат споредни ветришта да не спречуваат во тоа.
Успеа ли Брера да донесе подобри услови за работа ?
Симиќ: Во овој клуб е доста направено изминатата година како во административниот дел така и кај раководството. Ние сме доста млад тим и екипа. Ова сезона сме клуб со најмлад генерален директор, најмлад тренер, еден од најмладите претседатели на фудбалски клуб Горан Пандев така што јас мислам дека ова екипа на чело со Горан кој е синоним за фудбалска Македонија и пошироко, за нас е предност бидејки со неговиот авторитет, став, енергија и на основа на тоа, ние успеавме да воспоставиме за една година еден сериозен систем и сериозни услови во клубот. Она што тој го има направено , мислам на СЦ Пандев го нема никаде во Србија да некој поранешен фудбалер се врати и вложил толку средства и да направи услови кои се на високо ниво како во Серијаа А. Она што го имаме ние и условите на СЦ Пандев тоа е Серија А буквално.
Догодина атак на една од првите три позици и излез во Европа !
Првиот тим на ФК Брера Струмица последната првенствена сезона ја заврши на шестата позиција. Во вкупно 33 кола имавме 11 победи, 9 нерешени резултати и 13 порази. Постигнавме 34 а примивме 33 гола. Со внимателен избор на засилувања и поддршка од сопствениците, планот е атак на првите три позиции следната натпреварувачка сезона. Генералниот директор Јован Симиќ отворено за плановите …..
Имавме турбуленции оваа сезона – дали сега на ред се резултатите, ќе може ли Брера ?
Симиќ: Ова сезона ни беше доста тешка или ни се собраа и случуваа работи, како за три или четири сезони. Почнавме со четири побди. Влеговме во една еуфорија која одпосле се испостави дека е лажна и од тогаш почнавме лошо. Имавме период од неколку месеци без победа. Игравме шарено па ни се случи промена на тренерската позиција, промена во раководните структури. Навистина се случуваа многу работи . Она што е важно дека во зимскиот преоден рок се стабилизиравме и добивме засилувања кои се испоставија дека ни донесоа сериозна разлика. Јас сметам дека направивме една добра работа она што ни беше нам фокус и за главните инвеститори од Америка . Тие беа во посета двапати овде и се уверија дека тоа што го работиме е вистинското, дека е тоа тоа, онаа ниво кое го очекуваа да го видат од клубот. Остана сега резултатски и финансиски да го поткрепиме. Планот што го направивме заедно со сопствениците на клубот за следната сезона е да не правиме компромиси по однос на резултатите, бидејки веке како клуб сме стабилизирани. Следната година е реално да нападнеме едно од првите три места на прволигашката табела.
Значи фокус следната сезона се резултатите?
Симиќ: Да да. Во договор со инвеститорите, тоа е планот. Да добиеме буџет и вистинска поддршка за тоа. Ова година ги жртвуавме резултатите за да ги поставивме темелите на клубот а следната година компромис да нема и да одиме на резултати. Овој летен преоден рок ќе ни биде испит, треба да ни биде пресвртница за целите за следната сезона. Заедно со Пандев, тренерот, треба да направиме вистински избор за тоа. Да седнеме и да одлучиме внимателно кој е тој што заслужува да биде дел од Брера, бидејки ние создаваме една култура на клубот, една вредност на клубот и дресот на клубот да го облече само оние што тоа го заслужиле и тие што ги препознават целите. Ние немаме историја како Вардар, Панчев, Васил Рингов и други ѕвезди. Ја немаме таа историја. Но она што треба и мора да го сфатат секој што ќе дојде во овој клуб, дека зад себе го има Горан Пандев, сериозни луѓе, сериозен систем, клуб. Кој не сака да биде дел од ова слика, нема да може да ужива во благодеттие на клубот. Така што еден од условите е дека нема да прифатиме и нема да правиме компромис по тоа ова лето во клубот да доаѓаат луге кои не се свесни каде доаѓаат и не се свесни дека треба да го дадат максимумот. Ние немаме историја славна, но имаме вредности, јасен пат по кој одиме, имаме еден фунцкионален систем и секој кој што сака да се приклучи ќе треба да го даде својот максимум.
Младите се најголемиот капитал на Брера Струмица
Директорот на клубот Јован Симиќ не го криеше задоволството од успесите кои ги постигнаа младите. Генерацијата 2008 станаа Шампиони, младинците на чекор до нов пехар. Најави дека за сеој фудбалер ќе има база на податоци за да може да се планират очекувањата. Тоа го бара современиот фудбал
Симиќ ги демантиравте ли гласините дека Брера ќе биде кратокорочен проект
Симиќ: За нас беше очекувано да размислуваат така, бидејки не беа доволно информиrани и луѓето не беа запознаени со ова приказна на кој се базира нашиот клуб, односно како не треба а како треба да функционира еден клуб како дел од еден холдинг кој котира на Њујоршката берза – најголемата светска берза за трговија со акции. Според тоа, ние сме клуб под постојана ревизија, под постојана финансиска контрола и секој трошок мора да биде оправдан за својата намена но исто така и сите приливи и приходи. Во нашиот клуб не постојат можности за финансиски малверзации, ниту е направен овој проект како што велат луѓето ,,секое чудо за три дена“. Овде се обидуваме да се направи еден систем . Луѓето не го сфаќаат богатството што Брера го наследи од Академија Пандев а тоа беше работата со младите категории. Тоа е највредното, тоа ни е најголемиот капитал, богатството на клубот. Тоа е она што мора да го негуваме и на што ќе посветиме внимание. Она што почнавме да го работиме со директорот и координаторот на младинските категории е да го модифицираме начинот на работа и да го подигнеме на едно повисоко ниво, бидејки тоа е највредното во клубот, таа база на млади фудбалери, тој потенцијал на кои сме горди. Еве колку за илустрација младите пионери ја освоија шампионската титула во Македонија на прагот се и младинците што доволно зборува за квалитетот на нашите погони
Која е стратегијата со младите во Брера?
Симиќ: Ние сакаме да ја стандардизираме работата на нашите малдински школи и полека да стануваме свесни кој профил на млади фудбалери ни се потребни, кое годиште и што сакаме да добиеме од нив за неколку години. Ќе постојат одредени услови за младите фудбалери кои што ќе се носат овде а тоа се нивните физички каректеристики, менталниот склоп што е важно за современиот фудбал. Значи пред да биде донесен овде, ние ќе мора да имаме увид во неговите перформанси за да во наредните неколу години го утврдиме неговиот раст, мускултура, височина. Ние ќе направиме систем, модул на функционирање и врз база на тој систем ќе се носат и ќе бараме фдубалери а не ад хок . Значи со системско решение ќе се бараат одговорите што сакаме.
Младите на Брера ќе бидат дел од големи фудбалски турнири
Симиќ: Секако, секако. Еве колку за илустрација нашите млади фудбалери генерација 2005 и помлади одат на најголемите турири во регионот како што е турнирот во Златибор од 3 ти до 9 ти јуни станува збор за турнир на пријателство каде настапуваат големи клубови како Динамо Загреб, Ѕведа и Партизан, значи квалитетни екипи од регионот. Од контактите со организаторите секогаш велат дека Академија Пандев е еден од најреспектабилните и најдобро организираните тимови на турнирот и дека децата се најпристојни, воспитани, тренерите професионалци кои внимаават на децата на имиџот и угледот на клубот. Да, важно е да играме фудбал да се занимаваме со фудбал, но важно е да кога сме во униформа на клубот, да го преставиме во најдобро издание, нашите родители, нашата средина, Струмица, Македонија и сите што ќе дојдат да купат карта и да го следат натпреварот.
По Димитар Трајков, најмалку уште 4 фудбалери пред трансфер
Нема да продаваме по било која цена за било кој и било каде. Внимателно ја разгледуваме секоја понуда оти сакаме нашите деца во кои се инвестирало овде со години да им го понудиме најдоброто во интерес на нивните кариери. Клубови од Еворпа Азија и Америка покажаа интерес и веќе се разговара со нив. Се очекува да се постави нов рекорден трансфер вели Симиќ
Направивте рекорден трансфер со Трајков, ќе има ли други
Симиќ: Го отворивме кругот на трансфери со Димитар Трајков во Украина. Рекорден трансфер во историјата на клубот што покажува дека мора да го промениме начинот на размислување и да излеземе од шаблонот дека Македонија е ефтин пазар. Не, не е. Еве за пример е Диди. Не мора да продаваме за смешни суми, цифри. Горан вложувал во Академијата многу, во тие деца е вложувано многу и она што е најважно, станува збор за деца кои се екстремно талентирани, имаат сериозен потенцијал, поминувајки ги сите школи. Значи зборуваме за една системска работа. Знаеме што Димитар Трајков може денес, но со неговите пероформанси предиспозиции знаеме каде може да биде после две три години а тоа го препознаа и луѓето од Полијса. Тоа е тоа, за што зборуваме . Тоа е моќта на базата на подотоци, нивната обработка и раководењето со нив, што впрочем модерниот фудбал го сака. Трајков е прототип на модерен фудбалер кој е висок, брз, силен тоа е она што денска на пазарот се бара. Тој направи рекороден трансфер и јас мислам дека тој рекорд наскоро ќе го пробиеме бидејки планирани се уште неколку продажби ова лето, но ние не се брзаме оти тргнавм во еден добар правец. Постојат некои понуди, се зборува, се преоговара. Мислам дека сме на вистинскиот правец и во овој летен преоден рок од продажба на млади фудбалери да направиме буџет кој ќе ни биде доволен за нашата цел а тоа е напад на врвот на прволигшаката табела. Тоа е целта на проектот, да бидеме самоодржливи да функционираме врз база на градење млади квалитетни фудбалери кои ќе добијат квалитетни кариери . За нас е многу важно каде нашите деца ќе продолжат со кариерите. Не сакаме да продаваме фудбалери за џабе, на било кој и било каде. Ние сакаме да се увериме дека тој клуб е навистина добар проект, како на пример што беше Полисја. Јас и Димитар бевме на лице место, видовме дека клубот гради спортски центар на неколку хектари проект кој ке биде во врвот на Европа кога ќе се завршат немирите таму. За Димитар постои сериозен план за негов развој и игра во наредните месеци. Тоа за нас е многу важно. Ако сите ние овде сме инвестирале и граделе во некоја личност, тие 5- 6 години инвестиции во младиот фудбалер не сакаме да ги фрлиме во ветар. Сакаме да бидеме сигурни, каде ќе му ја насочиме кариерата. Ние сме тие што ги држиме конците во раце. Пазарот е специфичен, но ќе кажам има 3 или 4 играчи кои привлекуваат огромно внимание од клубови од Европа, Азија и од Америка. Разговараме и преговараме и се надевам дека ќе се радуваме овој преоден рок бидејки, ќе се види силата на Брера и како се работело во Академијата.
Брера го сврте вниманието и дома и во странство
ФК Брера дефинитивно го сврте вниманието на фудбалската јавност не само во земајва туку и пошироко бидејки станува мултинационален проект во кој има спортска приказна. Со влегувањето на Брера во Македонија светската фудбалска јавност дознава и за потенцијалот што го нуди ова земја, смета Симиќ
Успеа ли Брера да го подигне нивото на Првата фудбалска лига
Симиќ: Ова сезона покажавме дека треба да ни се плашат македонските прволигаши. Ние успеавме актуелниот шампион да го победиме двапати. Бевме тежок залак за клубовите од врвот на табелата. Така што овде имавме амплитуди кои не беа нормални, но тоа е резултат дека го поставувавме клубот на здрави нозе и резултатите ни беа во втор план. Она што го забележав оваа измината сезона е што Македонската лига го засили својот имиџ и го сврте вниманието на некои други луѓе, благодарение токму на овој проект, бидејки ова е глобален проект, го има во Африка, Азија, во Македонија а се работи и на купување други клубови од силни европски првенства. Дека веќе знаат за нас тоа го забележав на состанокот во Лисабон за трансфер платформата на европските клубови и забележав дека луѓето знаат за транзицијата на Академија Пандев во Брера и дека ги следат младите фудбалери и дека има нова свежина која го подига нивото на квалитетот на едно повисоко ниво.
Стана ли Брера дел од локалната заедница
Симиќ: Да секако. Ние со овој проект се обидовме да се приближеме до локалната заедница како што се хуманите акции како што беше крводарителската, садењето дрвца, чистењето на градот, промоцијата што ја направивме на Струмица преку нашите фудбалери, отворивме фан шоп, на што сум посебно горд. Постои желба кај струмичани кои сакат да бидат дел од овој проект. Овој клуб мислам дека го спои најдоброто од градот. Брера ќе остане клуб кој секогаш ќе биде за граѓаните, но очекуваме и тие да бидат со нас, бидејки ова е чиста искрена спортска приказна со која ќе се радуваме сите.