Нашиот сениорски состав претрпе пораз во гости од тимот на Гостивар со 2:0. Избраниците на Бојан Круљ не го издржаа притисокот и налетот на домаќините кои во второто полувреме ги постигнаа головите за победа. Бевме рамноправен противник во првото полувреме со неколку шанси да го отвориме резултатот преку засилувањата, но голот на Гостивар остана мирен.
Играта доби на динамика во второто полувреме кога домашниот состав почна контуинирано да се заканува а нашиот капитен Марко Алчевски беше на висина на задачата се до 67 минута кога Потук донесе водство од 1:0 за да по неколку минути по грешка на нашата одбрана Тахакара во 81 минута ги донесе конечните 2:0.
Ова е прв пораз на нашиот тим во пролетната полусезона, откако славевме во Кратово против Силекс и против Македонија ЃП во Турново. Следното коло го играме во среда на 6 март со екипата на Шкендија. Мечот е закажан на стадионот Кукуш во Турново