Сениорите ја завршија првата фаза од подготовките за пролетниот дел – утре заминуваат за Турција (видео)

Нашите сениори ја завршија првата фаза од подготовките за пролетниот дел на првенството која се реализираше во Струмица. Како што соопшти тренерот Бојан Круљ интензивно се работеше две недели пред се на подигнување на физичката подготвеност на фудбалерите  со цел подобро да го реализираат вториот дел во Анталија. Токму во Турција ќе се работи на воигрување на екипата но и на тактички план пред се преку закажаните контролни средби.

,, Се надевам дека сме подготвени. Имавме и по два тренинга дневно овие две недели. Она што е многу важно да немаме повредени,  сите поминавме како треба во овој прв дел од подготовките и не очекува тој дел во Анталија каде треба да се подготвиме и воиграме на сите позиции. Искрен да бидам ние овде одигравме само еден натпревар помеѓу себе, двапати по половина час а во Анталија фокус ќе ни бидат сите играчи да добијат шанса. Резултатот ќе биде важен, но поважно ќе ни биде да бидеме подготвени за она што допрва не очекува. Играчите ќе имаат подеднаква минутажа до последните две контролни средби каде ќе дозволиме поголема минутажа на некои за да го искристализираме тимот“, кажа Круљ, според кого добро се вклопија новите засилувања во тимот и има одличен амбиент за работа.

Инаку нашите првотимци во Турција ќе играат со екипата на Верес од Украина на 26 јануари, а потоа ќе следуваат проверки и против Черноморец Одеса, Рух од Полска и екипата на Атирај од Казахстан. Дека атмосферата е на високо ниво кажаа и фудбалерите Ѓеорги Јанкулов и новото засилување Драган Стојков.

 

Stay connected

Follow us for all the latest updates, behind-the-scenes content and exclusive interviews with players and coaches.

Latest news

ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024
Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.