Со промоција на новиот стручен штаб, нашиот сениорски состав ги почна подготовките за новата првенствена сезона. Тимот ќе го предводи Џовани Валенти кој денеска ја имаше и првата прозивка и тренинг со фудбалерите на „Брера Струмица“ на комплексот СРЦ „Пандев“ . Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма Италија а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години. За негов помошник ангажиран е 56 годишниот Микеле Кавали кој во својат акариера има работено во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус. Додека тренер на голманите на сениорите е Алесандро Пегорари кој работеше со младинските категории во Парма.
,, Ќе дадеме се од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим,, кажа Валенти во својата прва изјава во Струмица
Како што е познато пред почетокот на новата сезона го ангажиравме дефанзивецеот Стефан Наумчевски а наредните денови треба да пристигнат уште неколку нови засилувања. Идејата е годинава да се даде простор и можност на фудбалерите од сопствените погони