Голманот Марко Алчевски, како и фудбалерите Ване Крстевски и Димитар Трајков се повикани во македонската репрезентација до 21 година за престојните дуели против младите селекции на Грузија и Австрија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година – Драги Канатларовски ќе може да смета на овие наши тројца фудбалери кои настапуваат за првиот тим на Брера Струмица оваа првенствена сезона од Првата фудбалска лига на Македонија.
Против Грузија ќе играат во рамките на четвртото квалификациско коло за пласман на ЕП 2025 во Словачка на домашен терен и контролниот натпревар со Австрија на гостински терен.
Марко Алчевски како голман на првиот тим има одлични партии како чувар на мрежата додека Ване Крстевски има постигнато два а Димитар Трајков еден гол во досегашниот тек од првенството