Првиот тим на Брера Струмица во рамките на претпоследното 32 коло од Првата фудбалска лига на Македонија му гостува на Шкупи. Тешко гостување со оглед дека Шкупи цели кон шампионска титула додека нашите избраници за опстанок, па секој бод од овој меч ќе биде подеднакво посакуван како од нивна така и од наша страна. Стратегот Бојан Круљ подвелеч дека ова ќе биде важен меч како за Шкупи така и за нас бидејки бодовите се имепратив и за двата тима
,, Шкупи атакува на титула ова сезона а ние за опстанок. Ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат и да обезбедиме опстанокот после овој натпревар. Сите играчи се подготвени да го дадат максимумот. Очекувам добар натпревар и се надевам дека ќе се радуваме после овој меч,, вели Бојан Круљ стратегот на зелено црните
На нашиот тим им недостасуваат три бода да ја избегнат бараж позицијата за опстанок во Првата лига. Освен со Шкупи нашиот тим до крајот на првеснството се среќава и со Македонија ЃП на свој терен.