Изминатиов викенд нашите дечиња во од генерациите 2016, 2015, 2014 и 2013 учествуваа на меѓународниот турнир ,,Трофеј Радомира Антиќ“ во Ужица во Србија каде имавме одлично преставување со сите четири генерации а со 2015 освоивме бронза
Дечињата предводени од Томе Христов во групата забележаа две победи и еден пораз и како второпласирани се најдоа во четвртфиналето каде против Слога беа подобри во пенал рулетотот по ремито од 2:2. Во полуфиналето децата се соочија со тимот на Црвена ѕвезда каде изгубивме и во борбата за трето место славевме против Спарта 369 на пенали откако регуларниот дел заврши без голови
Генерација 2016 предводена од Никола Костадинов во групата беше прва со две победи и едно реми. Во четвртфиналето изгуби несреќно и пропушти шанса за медали
Генерацијата 2014 предводена од стратегот Кире Ангеловски немаше среќа уште во групната фаза . Со две победи реми и еден пораз беше на делба на второто место но гол разликата одлучуваше и не се пласира во четвтр финалето
Дечињата на Љупчо Пеев или генерацијата 2013 имаше максимален учинок во групната фаза. Оставарија три победи но немаа среќа во четвртфиналето каде беа стопирани од екипата на Алфа.
Со прикажаната игра во сите четири конкуренции, нашиот клуб доби позитивни критики како од организаторите така и од сите учесници на четвртото по ред издание на овој детски фудбалски турнир