Четири детски екипи од нашиот клуб на силниот меѓународен турнир ,,Трофеј на Радомир Антик“ во Ужице Србија

Четири екипи од нашите младински погони ќе земат учество на силниот меѓународен турнир ,,Трофеј Радомир Антиќ“ во Ужице Србија кој вечерва со пренос на Арена спорт во 20 часот и официјално ќе биде отворен. Нашиот клуб ќе биде преставен од најмладите и тоа генерација 2016 предводен од Никола Костадинов, Томе Христов генерација 2015, Кире Ангеловски генерација 2014 и Љупчо Пенев со генерацијата 2013.

На четвртото издание на турнирот ќе земат учество екипи од вкупно 14 држави од Европа и тоа четири генерации и тоа Словенија, Австрија, Босна, Романија, Црна Гроа, Македонија, Хрватска, Грција, Украина, Словака, Унгарија, Полска, Италија и Србија и преставува еден од пореномираните турнири од ваков калибар на овие простори

Најмладите на нашиот тим предводени од Никола Костадинов ќе бидеат во групата Ц со екипите на Единство, Спарта и Алфа. Децата предводени од Христов се во групата Б каде за противници ги имаат екипите на Јединство, Земун и Спарта. Фудбалерчињата предводени од Кире Ангеловски или генерација 2014 се во група со Јуниор, Пожега, Иванча и Спарта а генерацијата 2013 на Љупчо Пенев се во група А со екипите на Слобода, Темпо и Видус Тим..

,, ФК АП Брера Струмица контуинирано воложува во нашата база односно во младинските погони. Учеството на вакви турнири значи многу за нашите деца, пред се да стекнат нови искуства пријателства но и да го почуствуваат тој натпреварувачки дух на меѓународна сцена. Ова ни е прво учество и верувам дека ќе се покажеме во најдоборо светло. Овие генерации имаат потенцијал имаат квалитет и верувам дека на крајот ќе се радуваме“ вели координаторот на младинските школи Борче Постолов

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.