Нашиот младинскиот состав дебитираше во младинската Лига на шампиони одигрувајки реми со босанскиот младински шампион Сараево. 2:2 беше крајниот резултат од првиот меч, па за две недели ќе се знае кој ќе игра со Израелскиот Макаби бидејки во Босна ќе се дознае подобриот од македонскиот и босанскиот младински шампион.
Гостите од Сараево тргна офанзивно и веќе во 37 минута дојде до водство. Поповиќ успеа да го матира нашиот Диковски кој претходно имаше неколку добри интервенции. Во второто полувреме струмичани почнаа далеку подобро но во 69 минута заради игра со рака беше досуден пенал за Сараево а Плоко зголеми на 2:0
Притистокот на нашите младинци со плод вроди во 76 минута кога Мартин Ѓеоргиевски од 16 метри го надмудри чуварот на босанците а во судсикото надополнување од пенал израмни на 2:2
,,Оваа екипа е склоп од три генерации. Имаме играчи родени 2005, 2006 2007 и двајца играчи од 2008. Може само да бидеме горди на Струмица и струмичкиот фудбал оти може да се носеме со балканските екипи. Имаме две недели да се спремаме и да извлечеме добар резултат и да се надеваме на соочување со Макаби,, кажа Ѓорѓе Стојчев стратегот на младите на Брера Струмица
Вториот натпревар меѓу Сараево и Брера Струмица во БиХ е закажан на 2 октомври. Победникот од овој двомеч патува на мегдан со израелски Макаби Петах Тиква.