Позитивна е атмосферата во нашиот прв тим пред утрешниот меч со Вардар од Скопје во 17 часот на СРЦ Пандев. Ова го потврдија и претседателот на клубот Горан Пандев и шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кои на денешната прес конференција, соопштија дека подготовките поминаа во најдобар ред и речиси сите фудбалери стојат на располагање за премиерата во новата првенствена сезона.
,,Голема е честа што првиот натпревар ќе го играме со Вардар кој е тим со многу титули и навивачи. Ќе играме офанзивен фудбал. Сакам струмичани да ја наполнат трибината и да ја видат нашата нова фудбалска филозофија и приказна. Нашата идеја е да го имаме поседот на топката, да нападнаме и да играме на гол повеќе. Ние 30 дена тренираме за овој натпревар и се надеваме дека утре ќе славиме,, истакна Џовани Валенти
Претседателот на клубот Горан Пандев вели дека од утре треба да стартува и дологонајавуваниот проект за кој се надева дека ќе биде успешен, најауввање уште две засилувања во нападот.
„За нас почнува нова сезона, нов проект. Се надеваме ќе биде успешен. Подготвени сме, веќе еден месец играчите работеа напорно. Имаме нов стучен штаб, екипата се засили со 4-5 играчи, а во преговори сме со двајца напаѓачи. Се надевам следната седмица ќе ги промовираме и ќе се комплетираме. Чест ни е што со Вардар ја отвораме сезоната биејки тие се најголемиот фудбалски бренд,, изјави Пандев
Целата прес-конференција може да ја погледнете на следниот ЛИНК