Христијан Малески од Струга е новото име во редовите на нашиот сениорски состав. 21 годишниот фудбалер кој игра во нападот, во нашиот тим доаѓа како позајмен играч од шампионот Струга Трим Љум каде беше последните две години. Во последната првенствена сезона Христијан регистрираше 23 настапи а има постигнато 7 гола. Паралелно Малески е дел и од фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година каде исто така има забележителни настапи. Овој млад игра веќе се приклучи на нашиот тим и во наредниот период се очекува да дебитира во зелено црниот дрес.