Нашиот тим славеше над Струга ТЛ и освои значајни три бода на тешкото гостување кај шампионот во Струга. Ване Крстевски и Марио Врдољак беа стрелците на головите за нашиот состав кој демонстрираше одлична и борбена игра во текот на целиот меч. Успеавме да ја наметнеме нашата игра која резутираше со погодок во 26 минута од младиот Ване Крстевски. Добро поставената игра на Џовани Валени донесе и неколку шанси што не ги искористија Крстевски и Рибаудо и со минимална позитива се замина на одмор. Во второто полувреме примивме гол, но тоа дополнително не мотивираше кога во 71 минута Марио Врдољак по одлично изведен корнер, капитенски со глава ја смести топката во мрежата на Струга ТЛ. По три првенствени кола нашата екипа има полн учинок. Следното коло во четврток го пречекуваме тимот на Тиквеш