Утре нашите фудбалери на СРЦ „Пандев“ со почеток во 16 часот го пречекуваат тимот на „Работнички“од Скопје во рамките на шестото првенствено коло. Стратегот Џовани Валенти на денешната прес конференција кажа дека се подготвени за утрешниот меч во кој како што кажа ќе има промени во првите единаесетмина.
,,Играчите се максимално подготвени за предизвикот наречен „Работнички“ независно од поразот во Штип. Ја имаме анализирано играта на Работнички во чии редови има млади и искусни играчи. Цела недела се подготвуваме и знаеме како да ја поставиме играта утре против нив. Ќе има промени во првите 11-мина и сметам дека имаме играчи кои може да го одиграат целиот меч. Повторно вонашата екипа ќе има млади најверојатно 7-8 играчи во кои верувам и сметам дека тоа ќе биде императив да дадат се од себе против Работнички,, рече Валенти
Младиот фудбалер кој Мартин Ѓоргиевски кој против Тиквеш постигна гол најави дека утре посетителите ќе гледаат квалитетен и офанзивен фудбал.
„ Против Работнички ќе се обидеме да се вратиме на победите. Ветувам дека ќе има добра офанзивна игра. Се спремаме цела недела за Работнички. Поразот во Штип го забораваме – натпревар од кој ги зедовме само добрите работи. Иако беше пораз но сметам дека имавме добра игра и шанси во Штип,, рече Ѓоргиевски