Оптимизам во таборот на Брера пред мечот со Работнички

Утре нашите фудбалери на СРЦ „Пандев“ со почеток во 16 часот го пречекуваат тимот на „Работнички“од Скопје во рамките на шестото првенствено коло. Стратегот  Џовани Валенти на денешната прес конференција кажа дека се подготвени за утрешниот меч во кој како што кажа ќе има промени во првите единаесетмина.

,,Играчите се максимално подготвени за предизвикот наречен „Работнички“ независно од поразот во Штип. Ја имаме анализирано играта на Работнички во чии редови има млади и искусни играчи. Цела недела се подготвуваме и знаеме како да ја поставиме играта утре против нив. Ќе има промени во првите 11-мина и сметам дека имаме играчи кои може да го одиграат целиот меч. Повторно вонашата екипа ќе има млади најверојатно 7-8 играчи во кои верувам и сметам дека тоа ќе биде императив да дадат се од себе против Работнички,, рече Валенти

Младиот фудбалер кој Мартин Ѓоргиевски кој против Тиквеш постигна гол најави дека утре посетителите ќе гледаат квалитетен и офанзивен фудбал.

„ Против Работнички ќе се обидеме да се вратиме на победите. Ветувам дека ќе има добра офанзивна игра. Се спремаме цела недела за Работнички.  Поразот во Штип го забораваме – натпревар од кој ги зедовме само добрите работи. Иако беше пораз но сметам дека имавме добра игра и шанси во Штип,, рече Ѓоргиевски

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs AS Junajted cela utakmica 20 10 2024
20.10.2024
Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.