Претседателот на нашиот клуб – Горан Пандев ја доби наградата за животно дело што ја доделува Општина Струмица по повод празникот на градот Св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Наградата му ја додели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов заради придонесот на Панев во афирмацијата на Струмица на меѓунардоната сцена но и заради постигнатите високи резултати во својата кариера како на клупско така и на репрезентативно поле.
Пандев во своето обраќање кажа дека поддршката во својата кариера контуинирано ја добивал од струмичани но и 15 те светители кои се заштитници на градот и граѓаните од овој град при што апелираше и во иднина да струмичани да се почитуваат бидејки само така сплотени може да се постигнуваат успеси.
Во продолжение еве ја изјавата на претседателот на ФК Брера Струмица кој ја доби Наградата за животно дело