Горан Пандев ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица за празникот Св.15 Тивериополски маченици

Претседателот на нашиот клуб – Горан Пандев ја доби наградата за животно дело што ја доделува Општина Струмица по повод празникот  на градот Св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Наградата му ја додели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов заради придонесот на Панев во афирмацијата на Струмица на меѓунардоната сцена но и заради постигнатите високи резултати во својата кариера како на клупско така и на репрезентативно поле.

Пандев во своето обраќање кажа дека поддршката во својата кариера контуинирано ја добивал од струмичани но и 15 те светители кои се заштитници на градот и граѓаните од овој град при што апелираше и во иднина да струмичани да се почитуваат бидејки само така сплотени може да се постигнуваат успеси.

Во продолжение еве ја изјавата на претседателот на ФК Брера Струмица кој ја доби Наградата за животно дело

Навистина не знам што да кажам кога добиваш награда од градот во кој си растел…, градот каде што си живеел… , градот каде сме ги направиле првите животни и професионални чекори…, град кој секогаш те влече каде и да си во странство, градoт кој плени по својата убавина,  по својата позитивна енергија, гостопримливост, по својот просперитет. 
Таква е мојата и Ваша Струмица и нека ни е за многу години денешниот празник Св. 15 Тивериополски маченици…. Празник кој не штити сите нас и ни дава верба надеж и сила да го продолжиме  патот за подобар живот, благостостојба но и попросперитетна Струмица
Почитувани….
Од мое име и од името на сите добитници на наградите би сакал да се заблагодарам што ги препознавте нашите заложби, нашите достигнувања со кои ја афирмиравме нашата Струмица, нашето родно место насекаде во Светот.
Верувајте ми…. каде и да одев не криев да кажам… јас сум македонец роден во Струмица најубавото место на балканот, место каде народот е насмеан, место каде господ дарувал убавини, град кој станува препознатлив во Европа не само по спортот, туку и по културата, музиката,  науката, по прогресот.
Сигурно никој од нас немаше да стаса до тие височини ако не беа струмичани кои секогаш не подржуваа ,  ако не беа нашите учители кои не учеа и  го трасираа патот, не беа нашите тренери кои не усовршуваа,  ако не беа не беа Светите 15 Тиверополски маченици  кои, каде и да одевме беа нашиот чадор на верата, љубовта, здравјето, успехот.
Знам дека Струмица и струмичани секогаш стоеа зад мојот успех. Знам дека ја споделуваа радоста со мене кога славевме победи како на клубско така и на репрезентативно ниво. Дека жалеа кога губевме и не ги исполнив нивните очекувања, но знам  дека секогаш беа во моето а јас во нивните срца, оти овој празник , овој град не научи да се почитуваме, да се сакаме и да си помагаме
Така нека биде и во иднина оти само  со верба, со подадена рака, со почит и љубов, со заедништво се рушаат планини и се постигнуваат успеси. Само кога сме сплотени може да поделиме насмевки, да шириме позитивна енергија да бидеме тоа, за кои своите животи ги дале СВ. 15 …. –  светители кои се нашите заштитници но и нашиот патоказ за подобро утре.
Ве сакам сите и би сакал да кажам дека ова награда колку што е моја толку е и Ваша бидејки без вас, без мојата Струмица немаше да бидеме успешни
Уште еднаш…Нека ни е за многу години  празникот СВ. 15 Тивериополски свештено маченици и да си ја чуваме Струмица оти таа е нашата лулка од која почнуваме да ги градиме нашите приказни на кои сме горди сите ние
Ви благодарам од срце граде мој, мои струмичани !

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP – Belasica (Kadeti) 29 11 24
29.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024
Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.