Нашите дечиња се дружеа со Дедо мраз кој подели околу 300 пакетчиња

Во пресрет на престојните празници, управата на на нашиот клуб и годинава организираше Новогодишно дружење на Дедо мраз со најмалите фудбалерчиња од клубот. Во спортската сала Парк дечињата – фудбалерчиња од генерациите од 2010 до 2017 се фотографираа со Дедо мраз при што им беа поделени новогодишни подароци.

Новогодишни пакетчиња беа доделени и на најмладите девојчиња од ЖФК ,,Тиверија“ од Струмица но и децата со попречености од клубот ,,Сонце“ кои се дружеа со дечињата од нашиот клуб.

Ова е традиционално дружење што го организираме секоја година во пресрет на празниците. На овој начин сакаме да овозможиме другарување меѓу сите најмали фудбалерчињаод клубот како и со остантите млади спортисти од други клубови. Спортот и другарувањето е нашата цел. Околу 300 дечиња добија новогодишни пакетичиња од Дедо мраз при што упативме порака за многу здравје и спортски успеси во 2024

 

This site is registered on wpml.org as a development site.