Нашиот сениорски состав утре му гостува на Гостивар во натпреварот од 21 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Стратегот Буоја Круљ признава дека ова ќе биде тежок натпревар но оптимизам за три бода има не само кај стручниот штаб туку и кај играчите.
„Сигурно не очекува еден тежок натпревар против една доста квалитетна екипа. Се обидувам да ги одржувам момците на земја и да им укажам дека сеуште ништо не сме направиле. На добар пат сме да ја продолжиме победничката низа. Против секоја екипа сакаме да играме отворен фудбал и да одиме на победа. Се надевам дека во недела ќе се покажеме во вистинско светло на мечот и да се надеваме на нови три бода. Гостивар е еден сериозен противник, има доста искусни играчи со богара играчка кариера. Сигурно не очекува тежок меч. Но ние имаме квалитет и се надевам дека че бидеме во вистинското светло на тој натпревар и да се надеваме на најдоброто на нова победа ако успееме би било добро и убаво“ вели Бојан Круљ
Во моментов нашиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата откако славевме во Кратово против Силекс со 1:0 и против Македонија ЃП во Турново со 3:0.