Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Круљ: Не очекува тежок натпревар Гостивар е квалитетен тим, но нам императив ни се нови три бода !

Нашиот сениорски состав утре му гостува на Гостивар во натпреварот од 21 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Стратегот Буоја Круљ признава дека ова ќе биде тежок натпревар но оптимизам за три бода има не само кај стручниот штаб туку и кај играчите.

„Сигурно не очекува еден тежок натпревар против една доста квалитетна екипа. Се обидувам да ги одржувам момците на земја и да им укажам дека сеуште ништо не сме направиле. На добар пат сме да ја продолжиме победничката низа. Против секоја екипа сакаме да играме отворен фудбал и да одиме на победа. Се надевам дека во недела ќе се покажеме во вистинско светло на мечот и да се надеваме на нови три бода. Гостивар е еден сериозен противник, има доста искусни играчи со богара играчка кариера. Сигурно не очекува тежок меч. Но ние имаме квалитет и се надевам дека че бидеме во вистинското светло на тој натпревар  и да се надеваме на најдоброто на нова победа ако успееме би било добро и убаво“ вели Бојан Круљ

Во моментов нашиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата откако славевме во Кратово против Силекс со 1:0 и против Македонија ЃП во Турново со 3:0.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.