25 годишниот струмичанец Горан Томовски , кој остави белег во развојот на Академија Пандев сега Брера Струмица е слободен играч. Тој во нашиот клуб беше од 2018 година и речиси во сите натпреварувачки сезони, беше дел од првиот тим. Томовски со своето однесување на фудбалските терени но и надвор од нив беше вистински промотор на клубот и максимално се залагаше за подобри резултати.
Во шестте првенствени сезони Горан Томовски за нашиот прв тим има реализирано 113 настапи а трипати се запиша и како стрелец. Во последната натпреварувачка сезона на своето конто запиша 13 првенствени настапи во кои повторно ги истакна своие играчки способности.