Нашиот тим одигра нерешено против Шкендија во Тетово (1:1) во рамките на единаесетото првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија и освои бод од ова тешко гостување. Во 75 минута го отворивме резултатот преку Леонардо Антонио кој биеше прецизно од 20 тина метри но за жал не успеавме да се одбраниме само четири минути подоцна кога Шала најдобро се снајде во мешаницата пред нашиот гол.
Во текот на целиот натпревар нашите фудбалери беа рамноправни на теренот. Мечот го започнавме без респект кон противникот при што создадовме неколку шанси преку Цисе, Рибаудо, Јанкулов, но немаше завршница. Ниту домаќинот не ги штедеше своите сили но на голот го имавме расположениот Филип Купанов кој преставуваеш енигма за противничките фудбалери.
Со исто темпо на игра продолживме и во второто полувреме кога најзрелата шанса ја имавме преку Матеј Цветановски но не доволно za 1:0. Радоста дојде во 75 минута кога Леонардо Антонио упати силен и прецизен удар од речиси 20 тина метри за наше водство. Радоста траеше само четири минути, бидејки Шкендија успеа да искористи отпадок пред петерецот на Купанов и да израмни на 1:1.
Ова е трето реми за нашиот тим кој по 11 кола е на петата позиција на прволигашката табела со вкупно 15 бода.