Брера ги почна тренинзите во Анталија – условите одлични, атмосферата добра ! (ВИДЕО)

Нашиот сениорски состав кој вчера попладне пристигна во Анталија Турција како дел од подготвителниот период за пролетниот дел од првенството, денеска го одработи првиот тренинг. Тренингот се реализираше на спортскиот комплекс на хотелот во кој сме сместени, кој располага со одлични услови и соодветна инфраструктура.  Освен на физичката подготвеност се работеше и на техничко тактички план односно на воигрување на екипата што ќе биде примат на стручниот штаб предводен од стратегот Бојан Круљ и неговите помошници.

,, Имаме добри услови за работа, добри терени, времето овде е одлично а атмосферата во тимот е добра. Наша цел е да се воиграме согласно тоа што го бара тренерот. Го одработивме првиот тренинг и полека се подготвувавме за она што следува во сезоната. Утре го имаме првиот натпревар. Важно е да не се повредиме,, кажа Цветановски и Ѓоргиевски кои се дел од првиот тим на Брера

Инаку во Анталија Турција нашиот тим договори четири контролни натпревари од кој веќе утре го игра првиот и тоа со тимот на Верес од Украина. Овој натпревар се игра со почеток во 16 часот на теренот на хотелот или во 14 часот по македонско време.

Освен со украинскиот Верес, нашите момци треба да одиграт контролни мечеви и со  Черноморец Одеса, Рух од Полска и Атирај од Казахстан

Stay connected

Follow us for all the latest updates, behind-the-scenes content and exclusive interviews with players and coaches.

Latest news

FK Brera 1 – 0 FK Belasica Generacija 2011/12 24. 11. 2025
24.11.2025
FK Brera 3 – 0 FK Park (Kadeti) 23. 11. 2025
23.11.2025
ZFK Tiverija Brera 4 – 0 ZFK Recica 19. 11. 2025
19.11.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.