Даниел Миловановиќ кој пред две сезони играше за првиот тим на Брера Струмица повторно се врати во нашите редови откако спогодбено го раскина договорот со унгарскиот прволигаш Залаегерсег.
25 годишниот Миловановиќ дете на Тиквеш од Кавадарци во нашиот тим беше од 2015 тата до 2021 година.Станува збор за играч на десната крилна позиција и во својата кариера има одиграно многу одлични партии а се има истакнато и како стрелец на голови.
Му посакуваме повторно добредојде на Даниел во редовите на Брера Струмица и му посакуваме многу успех во зелениот дрес во продолжението на првенствената сезона