ФК Брера и Црвен крст Струмица организираат крводарителска акција – за секој донор гратис маица и влезници !

ФК АП Брера Струмица заедно со Црвен крст на Северна  Македонија – општинска организација Струмица како и Службата за трансфузиона медицина,  во среда на 4 ти октомври организира доброволна крводарителска акција која ќе се реализира во просторите на СРЦ ,,Пандев“.

Сакаме како клуб да дадеме свој придонес во хуманоста и спасувањето човечки животи, бидејки без подадена рака, солидарнорст, заедништво нема успеси ниту во спортот. За време на акцијата со крводарителите ќе бидат пристуни и тренерите и дел од играчкиот состав за да споделиме позитивна енергија но и да дадеме свој придонес за подобра заедница.

Секој кој што ќе дарува крв за време на акцијата во СРЦ Пандев во Струмица ќе има можност одблиску да се запознае со атмосферата и клупските простории на ,,АП Брера Струмица“ но и ќе добие маица од клубот како и блок влезници за мечот со Гостивар.

Од таа причина ги повикуваме сите граѓани, навивачи, лубители на спортот да бидат присутни на акцијата и да ја покажеме нашата хуманост. Да даруваме крв, да направиме дело но и директно да се запознаеме играчите, тренерите и атмосферата во ФК АП Брера Струмица во СРЦ ,,Пандев“ Струмица

Апел за дарување крв доаѓа и од Општинската организација на Црвениот Крст во Струмица од каде упатија благодарност до ФК АП Брера Струмица за иницијативата како и за отстапување на простории од СРЦ Пандев каде ќе се реализира акцијата.

Среда 4 ти октомври во СРЦ Пандев Струмица – Да бидеме хумани да спасиме нечиј живот и да се радуваме на нови спортски успеси !

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.