По две првенствени кола, нашиот тим има максимален учинок во Првата лига. Два настапи и две победи и со вкупно шест бода се наоѓаме на врвот на табелата. Како тим, дадовме максимум во дуелите со „Вардар“ и „Воска Спорт“ на кои имавме повеќе шанси и постигнавме три гола преку Ѓеорги Јанкулов, Ване Крстевски и Агрон Руфати. Иако е старт на сезоната, сепак воведните два меча ни даваат право на оптимизам за добра игра и против актуелниот шампион „Струга ТЛ“ следното коло. Нашата екипа максимално се подготвува и за овој натпревар кој е закажан во понеделник каде ќе бидеме во улога на гостин…