Дел од дечињата кои тренираат во нашите школи а под водство на тренерот Никола Костадинов, иницираа и спроведоа еко акција на трим патеката над градот Струмица. Станува збор за фудбалерчиња генерација 2016/2017 година кои освен спортот ја сакаат и чистата животна средина.
Револтирани од лошиот однос на одредени поединци кои фрлаат отпадоци околу трим патеката од Ловен дом до манастирот Св. Илија која најчесто ја користат рекреативци и спортисти, тие одлучија да ја исчистат и да упатат силна порака за чување на животната средина.
,,Сето ова е дело на нашите фудбалерчиња. Тие ја иницираа акцијата и во согласност со нивните родители до кои упатуваме благодарност ја реализиравме. Ги собравме сите отпадоци и остатоци фрлани од несовесни поединци вдолж трим патеката. Сакаме како струмичани како млади да упатиме порака дека сите ние треба да се грижиме и да не загадуваме, оти природата знае како да ни врати. Горд сум на овие деца“, кажа тренерот Костадинов
Во акцијата се вклучија околу 30 тина дечиња млади фудбалски надежи на ФК Брера кои побараа од сите, кога излегуваме во природа да не фрламе отпадоци.