Наши фудбалерчиња со тренерот Никола Костадинов ја чистеа трим патеката над Струмица

Дел од дечињата кои тренираат во нашите школи а под водство на тренерот Никола Костадинов, иницираа и спроведоа еко акција на трим патеката над градот Струмица. Станува збор за фудбалерчиња генерација 2016/2017 година кои освен спортот ја сакаат и чистата животна средина.

Револтирани од лошиот однос на одредени поединци кои фрлаат отпадоци околу трим патеката од Ловен дом до манастирот Св. Илија која најчесто ја користат рекреативци и спортисти,  тие одлучија да ја исчистат и да упатат силна порака за чување на животната средина.

,,Сето ова е дело на нашите фудбалерчиња. Тие ја иницираа акцијата и во согласност со нивните родители до кои упатуваме благодарност ја реализиравме. Ги собравме сите отпадоци и остатоци фрлани од несовесни поединци вдолж трим патеката. Сакаме како струмичани како млади да упатиме порака дека сите ние треба да се грижиме и да не загадуваме, оти природата знае како да ни врати. Горд сум на овие деца“, кажа тренерот Костадинов

Во акцијата се вклучија околу 30 тина дечиња млади фудбалски надежи на ФК Брера кои побараа од сите, кога излегуваме во природа да не фрламе отпадоци.

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP 3 – 0 Bregalnica Pioneri cela utakmica 18 05 2024
18.05.2024
Се остварува најголемиот трансфер во историјата на АП Брера Струмица – Трајков од 1 јули нов играч на ФК Полисја од Украина
14.05.2024
Skupi vs Brera Highlights
13.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.