Во недела против Македонија ЃП на уредениот стадион во Турново – влезот слободен !

Натпреварот од 20 тото првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија против екипата на Македонија ЃП, нашиот сениорски состав ќе го одигра во недела на стадионот во Турново. Дуелот е закажан во 14 часот а влезот за сите лубители на фудбалот е слободен.

Стадионот ќе биде во ново руво сo оглед дека се прават одредени инвестициони зафати на овој комплекс . Трибините се  целосно адаптирани и уредени со цел прием и подобар комфор на посетителите за следење на натпреварот на Брера против Македонија ЃП во Турново. На источната ќе има и освежување. Адаптиран е паркинг простор за влез на стадионот на кој може да се пристапи од двете страни за следење на мечот.

Ова е првата можност да го видиме на ,,дело“ новиот костур и лик на Брера Струмица кој веќе направи огромно изненадување на теренот во Кратово каде славевме против Силекс со 1:0. Фудбалерите тврдат дека самодовербата по успехот во Кратово е на високо ниво, но Македонија ЃП е нов предизвик за кој е потребна и поддршка од трибините.

,,Мислам дека против Силекс одигравме тактички добро и се виде таа енергија и желба за подобар учинок во пролетниот дел од првенството. За нас Силекс е веќе минато и сите мисли и погледи ни се насочени за дуелот со Македонија ЃП со кого ќе играме во Турново во недела. Ова нека биде и покана од сите нас во клубот до лубителите на фудбалот да дојдат во Турново и да ни дадат поддршка. Се надевам дека заедно со нив ќе се радуваме на уште еден добар резултат. Убеден сум дека ќе дадеме се од себе за да го продолжиме започнатото од Кратово,, вели капитенот Марко Алчевски

Нашиот тим добро го познава теренот во Турново каде ја одработи и последната фаза од подготвителниот период и се надеваат на нов успех со оглед дека Македонија ЃП ни е стар должник.

Се гледаме во Турново каде Брера со наша поддршка во недела против Македонија ЃП ќе испише нова убава приказна.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP 3 – 0 Bregalnica Pioneri cela utakmica 18 05 2024
18.05.2024
Се остварува најголемиот трансфер во историјата на АП Брера Струмица – Трајков од 1 јули нов играч на ФК Полисја од Украина
14.05.2024
Skupi vs Brera Highlights
13.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.