Нашиот претседател и поранешен македонски фудбалски репрезентативец Горан Пандев денеска повторно истрча на зелениот терен. Беше дел од ,,Тимот на светот“ предводен од Жозе Мурињо и настапи во ревијалниот натпревар против селекцијата на Романија која во 1994 година на Светското во САД стаса до четвртфиналето. Пандев во ,, Тимот на светот“ беше рамо до рамо со Стоичков ,Маикон, Гомеш, Ривалдо, Савиола, Панучи, Сена, Карембе и други имиња кои оставија силен печат во фудбалот.
Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Ѓорге Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот не обединува. Фудбалската маѓија не познава години, граници, боја и раса, туку таа не спојува. Не љубовта кон топката, стадионите, натпреварувачкиот дух, токму ова се случи вечерва на стадионот во Букурешт,, кажа Пандев
За романската селекција освен Ѓорги Хаџи настапија и Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован.