Нашиот Горан Пандев во ,,Тимот на славните“ на ревијален меч во Букурешт

Нашиот претседател и поранешен македонски фудбалски репрезентативец Горан Пандев денеска повторно истрча на зелениот терен. Беше дел од ,,Тимот на светот“ предводен од Жозе Мурињо и настапи во ревијалниот натпревар против селекцијата на Романија која во 1994 година на Светското во САД стаса до четвртфиналето. Пандев во ,, Тимот на светот“ беше рамо до рамо со Стоичков ,Маикон, Гомеш, Ривалдо, Савиола, Панучи, Сена, Карембе и други имиња кои оставија силен печат во фудбалот.

Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Ѓорге Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот не обединува. Фудбалската маѓија не познава години, граници, боја и раса, туку таа не спојува. Не љубовта кон топката, стадионите, натпреварувачкиот дух, токму ова се случи вечерва на стадионот во Букурешт,, кажа Пандев

За романската селекција освен Ѓорги Хаџи настапија и Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP 3 – 2 Rabotnicki (kadeti) 08 05,2025
08.05.2025
Brera AP – Makednija Gorce Petrov (pioneri) Highlights
08.05.2025
Brera AP 3 – 2 Rabotnicki (kadeti) Higlights 08 05,2025
08.05.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.