Нашиот младински состав дома против прилепска Победа за Шампионска титула !

Нашиот младински состав утре со почеток во 13 часот игра со младинците на Победа од Прилеп последен меч од младинската Супер лига.  Доколку славиме над младите прилепчани на свој терен ќе го кренеме Шампионскиот пехар.  На табелата  само бод предност имаме пред младите на Вардар. По 21 првенстено коло нашите младинци предводени од стратегот Мартин Алаѓозовски имаат 49 додека Вардар 48 бода. Ова значи дека само со победа може да се надеваме да го кренеме Шампионскиот пехар и да потврдиме дека Брера Струмица има најдобар младински состав

,,Со победа ние сме Шампиони. Од тука сакам да ги повикам сите струмичани утре во 13 часот на теренот со вештачка трева да дојдат и да не бодрат. Ова генерација заслужува титула оти постојано бевме на врвот на табелата и сме најефикасни во лигата. Мислам дека момците ја залужуваат титулата оти цела година работеа напроно и прикажаа доста квалитетен фудбал. Од нашиот состав има дури 12 репрезентативци што доволно кажува за каков тим станува збор„ потенцираше тренерот на младите на Брера Мартин Алаѓозовоски

This site is registered on wpml.org as a development site.